СДСМ и Заев ги манипулираат лозарите. Милиони килограми грозје ќе останат неоткупени.
Мерката која Заев ја ветува е само празна флоскула, затоа што ќе се исплаќа по килограм предадено грозје, а откупот е слаб. Милиони килограми ќе останат не откупени да скапуваат на нивите. И тоа е штета која никој нема да ја обештети, реагираат од ВМРО ДПМНЕ.

Мерката која Заев ја предлага е насочена кон винариите, а не кон лозарите.
Нема за лозарите, но затоа има за довчерашниот советник во влада Свето Јаневски, газда на Тиквеш, кој зема пари за мерки од владата додека бил советник.

СДСМ не се ангажираше во барање на нови пазари и пласман. Ветуваа отворање на мали семејни винарии, нови инвестиции и барање на засилен пласман. Сега ништо од тоа нема.
4 години се на власт, а земјоделците ги живеат своите најтешки времиња.

Лагите на Заев во стилот ќе биде подобро не поминуваат. Народот живее мачно.

На ова мора да се стави крај, затоа ВМРО-ДПМНЕ ги повикува граѓаните денес на протест. Со почеток од 18 часот, појдовна точка ќе биде министерството за правда, а ќе заврши пред Регулаторната комисија за енергетика. Време е за обединување против оваа власт која е мафија и која продолжува да се богати на грбот на народот, истакнуваат од ВМРО ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.