Многу граѓани кои живеат во странство имале проблем со попишувањето, сведочат иселеници.
На апликацијата за попис не фигурира Косово, па луѓето кои живеат во Косово не можеле да се попишат.
Беким Бериша, советник во Државниот завод за статистика, во Клик плус на ТВ21 вели дека тоа е така бидејќи базата на држави е преземена од ООН, а Косово не е признаено. Тој најави дека од денеска ќе се преземе база од Евростат и Косово ќе биде застапено.
Исто така, проблем да се попишат имаат и иселениците во Австрија, но оние кои имаат австриско државјанство, зашто со добивањето австриско државјанство го изгубиле македонското, а со тоа и правото да се попишат.
Многу граѓани се жалат и за преводот на апликацијата, пишува ТВ21, а Бериша во Клик плус рече дека преводот е направен со гугл транслејт.
Мејлот е испратен до колешка Македонка, таа го испратила мејлот до компанијата кој ја одржува апликацијата, многу наши мејлови одат кај нив и се измешаа, изгледа, не изгледа туку јасно е дека преводот е од гугл транслејт, вели Беким Бериша.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.