Податоците оставени на сајтот Вакцинација.мк не се безбедни, тврди за Алфа ТВ човек кој вели дека за само седум минути без особени познавања од областа на ИТ технологијата, успеал да собере дури 140 документи со лични податоци од сајтот, единствени матични броеви, електронската книшка, видот на вакцината, каде и кога сте вакцинирани и други податоци од лична природа.
Тој вели дека, сакајќи да го преземе сопствениот сертификат за вакцинација, успеал за само неколку минути да влезе во системот и да оствари увид врз личните податоци коишто се наоѓаат на истиот.
Тој до телевизијата ги доставил документите кои ги обезбедил, за да алармира колку лесно може некој со минимални информатички познавања да упадне во системот со стотици илјади матични броеви и лични информации, особено ако се знае дека доколку тие паднат во погрешни раце можат да бидат злоупотребени.
На страницата Вакцинација. мк пишува дека контролор на личните податоци кои ги давате е Министерството за здравство, а дека самите ги одржуваат серверите и сите активности на веб-страницата, вклучувајќи ги логовите кои се креираат и анализата на податоците кои се пренесуваат од посетата на веб-страницата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.