На маргините на стратешкиот дијалог со САД, во Вашингтон министерот за надворешни работи Бујар Османи, по повод 30 години од независноста на Република Македонија му врачи признание на Даниел Сервер, професор во Џон Хопкинс универзитетот.

Како што соопшти МНР, упатувајќи благодарност, Османи истакна дека со своите јавни настапи, темелено на длабокото познавање на регионот и нашата држава, Сервер дал важен придонес во процесот на меѓународна афирмација на Македонија, преку јасната и цврста поддршка за интеграцијата на нашата држава во евро-атлантските механизми на интеграција, вклучително и преку континуираните апели со години наназад за решавање на отворените прашања кои го кочат овој процес.

По повод 30-годишнината од независноста на Република Македонија, во јуни, минатата година министерот Османи донесе одлука со која се доделува признание на 30 странски државјани, високи функционери од ЕУ и НАТО, државници, дипломати и познавачи на нашата држава и регионот, меѓу кои и Сервер, како симболична благодарност за нивната поддршка за нашата независност, нашите стратешки цели, зацврстување на евро-атлантските перспективи и мултиетничката, мултикултурна и мултиконфесионална кохезија на нашата држава и општество, наведуваат од МНР. 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.