На маргините на Преспа форумот за дијалог, Министерството за надворешни работи му додели признание на поранешниот специјален претставник на ЕУ, Ален Ле Роа, по повод 30-годишнината на независноста на Република Македонија.
Амбасадорот Ле Роа е поранешен специјален претставник на ЕУ, во исклучително важен период за нашата држава, почетокот на имплементацијата на Охридскиот рамковен договор. Во оваа насока, признанието за неговата улога му ја предаде господинот Али Ахмети – објави министерот за надворешни работи Бујар Османи на неговиот Фејсбук профил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.