Општина Тетово денескa извести дека времено ќе биде прекинат јавниот превоз со автобуси низ градот. За одлуката наведуваат повеќе причини, а според нив јавниот превоз ќе продолжи по завршување на согледување на состојбите околу вработените и финансиите на јавното претријатие.
Поради хаосот, работење без придонеси на вработените и поради тоа што фирмата работи не регистрирана, додека вработените во фирмата ЈП „Тетовo транспорт“ се наведени како вработени во општината, како и поради многубројни неправилности привремено ќе биде во прекин јавниот превоз. Ова одлука доаѓа за да не се оштети уште повеќе џебот на граѓанинот и за неконтролираните трошоци во ова претпријатие. Ваквата состојба ќе трае се додека не заврши конечното скенирање на состојбите создадени во ова претпријатие од претходните раководни структури. Исто така, сакаме да ве информираме дека в.д ќе биде Рафиз Мејдија, се вели во соопштението на Општина Тетово.
Јавниот градски автобуски превоз во Тетово почна да се одвива на 16 август годинава во време на претходната градоначалничка. За потребите на претпријатието беа набавени пет автобуси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.