Привремениот премиер на Бугарија, Стефан Јанев, во интервју за емисијата „Панорама“ на Бугарската национална телевизија, го коментираше прашањето со позицијата на Софија кон Македонија.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, Јанев изјавил дека бугарската позиција е оформена со деклрација на Парламентот и останува непроменета, но дека се подготвени за дијалог за изнаоѓање решение за проблемот.
Ние сме подготвени за неформални разговори и да почнеме практична работа на теми што можат да станат дел од патоказот за излез од ситуацијата, бидејќи Бугарија ја поддржува европската иднина на Република Македонија и Албанија во пакет – истакна Јанев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.