Приведувањeто на луѓе поради бадников оган е покажување на сила и мускули спрема обичен народ, во ситуација кога вистински криминалци остануваат неказнети, реагира првиот човек на опозицијата.
Во Фејсбук статус христијан Мицкоски потсетува дека на луѓето со Устав им е загарантиранно правото на вероисповед.
Тоа не е трофеј за фалење, туку срам за оваа Влада, Спасовски и Заев, како и доказ дека се одлепени од реалноста.
ВМРО-ДПМНЕ стои на располагање да понуди правна помош на сите кои се мета на насилието на власта. Решението е смена на власта, за крај на срамот, насилието и двојните аршини.
П.С. Да потсетам, додека палачите на бадниковиот оган се приведени, сѐ уште нема одговор каде завршија парите од рекетот. И кога казна за функционерите на власта кои славеа без маски во државно министерство?
Приведувањeто на луѓе поради бадников оган е покажување на сила и мускули спрема обичен народ, во ситуација кога…
Posted by Hristijan Mickoski on Wednesday, 6 January 2021
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.