Александар Јанев, поранешен началник за оранизиран криминал во МВР во време на техничката влада и Илија Чалшев Менис, полициски инспектор за организиран криминал се осомничени и приведени поради оддавање службена тајна во случајот што го обелодени опозициската ВМРО-ДПМНЕ за рекетот во РЕК Битола, а во кој како што обвини партијата, е вмешан Вице Заев, братот на премиерот, дознава Плусинфо.
Попладнево, како што дознава порталот, бил извршен претрес во домовите на осомничените функционери од МВР. Нивните семејства биле принудени да излезат надвор од своите домови додека траел претресот. МВР се уште нема официјална информација за приведувањата.
Случајот во МВР, го пријавиле ошетените сопственици на компанијата, но според тврдењата на опозициската партија, во пријавата мистериозно исчезнало името на Вице Заев, осомничен за рекетот. Според ВМРО-ДПМНЕ, наводно во времето на Васко Ковачевски власта вршела притисок и закани врз бизнисмените, сопственици на компанијата „Рубитон“, за да ја отстапат работата за ископ на јаловина која ја добиле на тендер во корист на СВ Инвест или да дадат 250.000 евра во кеш на Вице Заев, во хотелот „Вила парк“ во Струмица.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков вчера достави до Обвинителството за оранизиран криминал документи со кои, според него, се докажува криминалот со државни тендери во РЕК Битола во времето на Васко Ковачевски, но и притисокот и заканите што ги вршел Вице Заев врз бизнисмените Васко Василев и Јани Радивчев, сопственици на Рубитон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.