Поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков е приведен вечерва. Според статусот на сопругата на Чавков, објавен на Фејсбук,  тој е приведен поради сомнение од бегство за што веќе има гаранција.

Информацијата ја потврдија и од Обвинителството: „Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе Предлог за определување мерка – Притвор према М.Ч. согласно чл.165 ст.1 т.1 од Законот за кривична постапка. Имено, по добиени сознанија и поради страв дека обвинетиот ќе се даде во бегство и ќе се крие со цел да ја избегне кривичната одговорност, обвинителството побара од Основниот суд Скопје 1 – Скопје да му биде определена мерка притвор. Обвинетиот е дел од предметот што се води за настаните во Собранието од 27 април 2017 година, за кој главната расправа е завршена и е закажано рочиште за објавување на пресудата“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.