Приватните специјализанти бараат од министерот за здравство, Венко Филипче, веднаш да бидат здравствено осигурани, да им биде зголемена платата, да им бидат платени дежурствата и да се обезбеди пари за 250 вработувања.
Специјализантите реагираат дека иако длабоко навлезени во третиот бран од пандемијата, Филипче не остварил ниедно од ветувањата кон нив.
Три месеци изминаа откако министерот јавно, на сите медиуми и јавни гласила вети дека проблемот со здравственото осигурување на приватните специјализанти е решен. Ја известуваме јавноста дека по тоа прашање се уште не е постапено. Платата ни остана 26.000 денари од 2018 год., што во моментов е за 2.500 ден под просечна плата во Македонија. Досега ниедно покачување на личен доход, кое во неколку наврати опфаќаше и не медицински персонал кој работи во здравствениот сектор не не опфати нас како приватни специјаизанти – реагираат приватните специјализанти.
Тие додаваат дека сѐ уште немаат платени дежуства иако овој проблем го изнеле пред Министерството уште во 2019 година, кога добиле уверување дека наскоро ќе биде решен. ЗЛС наравило неколу пресметки кои ги опфаќаат државните и приватните доктори на специјализација по однос на платени дежурства. Истите не изнесуваат повеќе од 27.000 евра на месечно ниво, сума за којашто добиле одобрување од МЗ.
Покрај сѐ специјлизантите сѐ уште обавуваат 24 часовни дежуства за нула денари. Дел од овие неплатени дежурства колегите ги релизираат во ковид центрите.
Покрај помпезнта најава дека се обезбедени средства за вработувња на 250 приватни специјализанти во декември 2020 година, три месеца подоцна ниту еден конкурс не е реализиран. Со порастот на бројот на активни случаи и во недостаток на медицински кадар повторно се бара од оваа група на маргинализирани лекари да работи во ковид центрите кои се отвараат ширум државата. Бројот на заразени приватни специјализанти, кои работат во ковид центрите континуирано расте. А во меѓувреме колегите херојски се борат со Ковид-19 под овие услови веќе една година. Но, во рамките на сопствената држава, не за долго. Апелираме на итно решавање на горе наведените ставки и нивна конечна реализација, во пракса, во најбрз можен рок – реагираат приватните специјализанти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.