Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски на денешното обраќање пред новинарите најави дека ќе биде покрената тужба за клевета и навреда кон повеќе лица и интернет портали, во врска со објавената „бомба“ за тендерот за набавка на радарски систем.

Како што истакна Рашковски, меѓу другите, тужба ќе биде поднесена против Миленко Неделковски, Љупчо Златев, Горан Момировски, како и партијата Левица, потоа Љупчо Палевски и Ваљон Бела.

Судска постапка Рашковски најави и против порталите „Курир“, „Експрес“, „Инфомакс“ и „Лидер“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.