На учениците од С.О. Коле Нехтенин од Штип им е ускратено правото на бесплатен превоз и тие одлучиле да излезат на протест пред зградата на Општина Штип. Тие за утре најавуваат масовен штрајк, но директорот на училиштето ги повикал „да ги предупреди“, односно да ги заплаши и да им се заканува со измислени закони и казни кои никаде не постојат како такви, пишува на титлот на видеото кое на „Јутјуб“ каналот и на социјалните мрежи масовно се споделува.

Директорот на училиштето им вели дека како малолетни не смеат да протестираат и дека „не сака да ги заплашува“, но бидејќи се малолетни законот предвидува родителот да плати 500 евра казна ако протестираат.

Хелсиншкиот комитет потсетува дека ваквите притисоци врз средношколците се против Уставот на Република Македонија, но и на сите меѓународни стандарди за заштита на правото на здружување, изразување и мирен протест. Впрочем Уставот на РМ го гарантира правото на граѓаните вклучително и децата мирно да се собираат и да изразуваат јавен протест.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.