– Владата на вчерашната седница ја усвои информацијата за набавка на вакцини против КОВИД-19 за 2022 година, според која е утврдена потребата од набавка на 500.000 дози на мРНА (мРНК) вакцини од производителот „Фајзер“, во кои ќе бидат вклучени и педијатриските дози во количина од 1 отсто од вкупниот број деца во земјава на возраст од 5 до 12 години, односно околу 10.000 дози.

– Согласно информацијата дозите за возрасните ќе почнат да се испорачуваат од месец мај, а педијатриските дози во првото тримесечје на 2022 година. Вкупната количина треба да се испорача до декември 2022 година, соопштија вчера од Владата.

Според последните информации, во државата е вакцинирано 48 отсто од полнолетното население.

Надлежните апелираат за помасовна вакцинација, бидејќи, како што посочуваат, само така ќе се дојде до колективен имунитет и ќе се спречи ширење на мутации на коронавирусот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.