Денеска треба да пристигне првата пратка вакцини од Република Србија, информира владината прес-служба. Пратката вакцини ќе биде предадена на граничниот премин Табановце.

Од Владата најавуваат дека на примопредавањето ќе присуствува делегација од Република Србија предводена од претседателот Александар Вучиќ, а негов домаќин ќе биде премиерот Зоран Заев.

Пратката вакцини од Србија требаше да пристигне во понеделникот, но беше одложено поради технички причини.

Станува збор за првата половина од пратката од 8.000 вакцини на „Фајзер“, за кои Заев пред нецел месец кажа дека ќе стигнат како помош од Србија, по телефонскиот разговор со Вучиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.