Денеска во Македонија пристигна и последната пратка од терминалите за гласање на претстојните локални избори.

На локалните избори во земјата гласачите ќе се идентификуваат за прв пат со читач на отисок од прст. Болните и изнемоштените лица нема да се контролираат преку терминали туку тие ќе гласаат како порано со УВ ламба и спреј.

Остана уште една недела до изборите а од ДИК велат дека се ќе биде подготвено за 17 октомври, односно за денот на изборите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.