Колку треба да си нечовек, во ден кога има 90 новозаразени и 7 мртви луѓе, да го лажеш народот дека коронавирусот слабее и да ги туркаш гласачите во корона-избори, прашува пратеникот Антонио Милошоски, споделувајќи дел од денешата прес-конференција на Зоран Заев, на која претседателот на СДСМ порача дека изборите ќе се одржат на 5 јули, бидејќи вирусот слабее.
Колку треба да си нечовек, во ден кога има 90 новозаразени и 7 мртви луѓе, да го лажеш народот дека коронавирусот слабее и да ги туркаш гласачите во корона-избори?!
Па да лажеш како ти се заразил партискиот потпретседател Зеќири!
И да лажеш дека третиот економски пакет мерки им помогнал на 300.000 работници и на 20.000 фирми во државата?!, пишува Милошоски под видеото насловено како „Примариус Д-р Лудаков“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.