Прилски бранители го поддржуваат предлогот на ВМРО ДПМНЕ Драган Ковачки да биде нов министер за внатрешни работи во техничката влада која треба да се избере на 3 јануари годинава.
Како Здружение на бранители стоиме зад предлогот Драган Ковачки да биде нов министер за внатрешни работи. Како наш соборец од 2001та година, секогаш ќе стоиме зад човек кој е спремен да и служи на Македонија.
Целосно се спротивставуваме на отпорот и критиките кон неговото име. Патриот и служи на татковината секогаш и секаде и во сите околности. Очигледно неговата безсрашност предизвикува страв за криминалците, неговиот патриотизам предизвикува неспокој кон оние кои газат врз бранителите и нашата Македонија.
Ковачки предизвикува отпор, кај оние кои виткаат кичма, и се плашат од човек кој не се пазари со светата Македонска земја. Човек кој го веел и со горднст носел Македонското знаме во НАТО, Авганистан и Ирак, кој ја бранел нашата татковина заслужува денес да ја брани од криминалот, корупцијата и од виткањето кичма, велат од здружението Прилепски бранители.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.