Ситуацијата со Ковид – 19 во Прилеп станува и повеќе од драматична. Неколку граѓани од Прилеп заразени од Ковид-19 се пожалиле дека и покрај тешката ситуација во која се наоѓаат не биле примени во прилепската болница и биле враќани назад со оправдување дека нема повеќе место во болницата, објави „Сител“.
Директорот Богоески вели дека никој не се враќа, но признава дека притисокот врз инфективното одделение е огромен и дека можеби некој самоиницијативно си заминал бидејќи за преглед се чека со часови. Само денеска биле прегледани 80-тина пациенти.
Две екипи работат, доктор, сестра, значи специјалист со помлад доктор, едвај стасуваме да излезиме во пресрет, капацитетите ни се преполнети, изјави Драган Богоески, директор на општа болница Прилеп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.