Според пристигнатите првични резултати од локалните избори 2021 до кои дојде Република Прилеп доби нов градоналаник.

Поранешниот министер на СДСМ, Горан Сугарески, кој не успеа да ги привлече гласовите на своите соседи, изгуби уште во првиот круг.

Борче Јовчески од ВМРО-ДПМНЕ ќе раководи со градот во наредните четири години, велат неофицијалните резултати.

Во село Чепигово 66 лица гласале за Јовчески, наспроти 37 за Сугаревски. За советничка листа пак 77 гласале за ВМРО-ДПМНЕ, 24 за СДСМ. Во избирачко место 1455 во градската населба Тризла 159 гласа се за Јовчески, 96 за Сугарески. Во Тризла 2 пак 210 наспроти 192 во корист на Јовчески. Во изборно место Рид 96 гласа се за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, 80 гласа за Сугарески.

Според информации од партиските штабови Сугарески гуви од своите соседи. Во неговото избирачко место во предност е противкандидатот од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.