Со новите 11 регистрирани случаи, вкупната бројка на заболени од коронавирусот во Прилеп е веќе трицифрена и достигна 100 инфицирани лица, а досега има и три смртни случаи. Апелите за заштита и седење дома се интензивираа денеска по седницата на Кризниот штаб.

Во моментов во Прилеп во самоизолација се 422 лица. Во изминатото деноноќие, едно лице не го почитувало полицискиот час и против него е поднесена соодветна пријава.

На денешната седница Општинскиот кризен штаб донесе заклучоци со кои е констатирано дека асистенцијата на Армијата пред маркетите, банките ја подобри ситуацијата, а викендот ќе се дезинфицираат улиците, јавните површини, парковите, влезовите во зградите, нагласи прилепскиот градоачалник Илија Јованоски



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.