Владината номинација на министерката за правда Рената Десковска за член на Венецијанската комисија е прифатена. Веста преку „Фејсбук“ ја соопшти и самата Дескоска.

Денеска е прифатена мојата номинација за член на Венецијанската комисија. Тоа е и потврда дека се исполнети критериумите за членство во комисијата. Благодарам за довербата!, напиша Дескоска.

Македонски претставник во Комисијата досега беше професорката Тања Каракамишева.

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека назначувањето на министерката за правда е недозволено и дека има сериозен конфликт помеѓу лице кое што е веќе избрано од страна на Владата или Собранието за да биде после од истата Влада предложено на друга функција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.