Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ ги открива набавките на владата за мај 2020, а во нив како вели, нема што нема – бадеми, лешници, фстаци, октоподи, шкампи, ракчиња, виски, бурбон, вотка, како и десетици тони обошни сокови, ладни чаеви и минерална вода.
Тактиката на СДСМонструмска била „Вработиш свои“, па „Броиш“! Тоа секретарите нивни набутаа од фризерка до братучед по елеми, мелеми, мнави, како скриени бројачи на вода всушност! И на Коста мајка му ја фатиле како брои во општина, па затоа ја „отпиша“ од таму?
Ама, па, и кој од нив да пие обична вода од чешма, нели Љупчо Николовски?, пишува Стоилковски алудирајќи на вчерашната изјава на вицепремиерот за спречување корупција.
Стоилковски продолжува дека „при најтешка криза, мај 2020, заевистан се спреми со бадеми, лешници, фстаци, октоподи, шкампи, ракчиња, виски, бурбон како и вотка; па набави десетици тони овошни сокови и ладни чаеви, и строго минерални води, газирани и негазирани“.
Па после се зајмеа милијарда и 200 милиони евра, од кои само 350 милиони завршиле во економијата.
Нема што нема, техничката спецификација од мај лани вели 3500 литри 100% сок од портокал, 1500 литри сок од боровница, 1000 литри сок од праски, 1200 литри сок од јаболки, како и 350 илјади шишиња минерална вода.
За кого, ако не за #СДСМонструмска?
Има една скопска приказна дека 2006 кога СДСМ конечно искочи од Илинденска, се што е најдено внатре биле куп неплатени комунални долгови заради што сметката била блокирана, ама и куп празни шишиња од алкохоли, па морале со товарни камиони со контејнер навечер да ги изнесуваат од гаражата.
Ај па ќе броиме наскоро, вели тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.