Десетина општински организации на владејачката ДОМ ја оспоруваат одлуката на Централниот одбор и на претседателката Маја Морачанин за настап во граѓанска коалиција на претстојните локални избори. Општинските организации во Ѓорче Петров, Гази Баба, Тетово, Охрид, Битола, Прилеп, Велес, Пробиштип, Кочани, Берово, Делчево, Лозово, Радовиш, Дојран, Кисела Вода, Аеродром и Куманово се оградуваат од, како што посочуваат од таму, нелегитимната и нестатутарната одлука за коалицирање со ЛДП и Демократскиот сојуз.
Без кворум се овозможи да гласаат луѓе што не се членови на Централниот одбор. Тие ги криеја своите лица кога ги фотографиравме за да го евидентираме присуството. Не беше дозволено да добиеме увид во списокот за да се сокрие нелегитимноста и нестатутарноста на „одлуката“. Ова демонстрира дека претседателката нема коалициски капацитет, бидејќи нема поддршка од 2/3 од општинските организации, напиша на фејсбук довчерашниот пратеник Мирослав Богдановски.
ДОМ на седница на Централниот одбор донесе одлука на претстојните локални избори партијата да настапи во граѓанска коалиција со партии од центарот и граѓански активисти. За шеф на Централниот изборен штаб го избра Дарко Кржовски, а за негов заменик е избран Огнен Апостолски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.