Безочна манипулација ја нарече поранешната функционерка на СДСМ Софија Куновска изјавата на министерката за одбрана Радмила Шекеринска, со која, вели, го брани неодбраливото.

Шекеринска, во обид да го оправда интервјуто на Зоран Заев и изјавите потоа, се приклучи кон окрестрираните написи за поддршка и напиша:

Фашизмот нема етничка боја. Денес кога зборуваме за нашите односи со Германија, не дозволуваме тие односи, како ни односите меѓу Франција и Германија, да бидат доминирани од прашањето на фашистичкото минато.

На ова Куновска ја потсети дека Германија не ја условува Македонија за ништо и не бара од нас да го избришеме од учебниците „германскиот фашистички окупатор“.

Барем таа можеше да седне и да прочита некој ред. Да речеме „Прашање на вината“ од Карл Јасперс за да го разбере фашизмот и нашиот однос кон него,  порача Куновска на Шекеринска.

Куновска прва порача дека Зоран Заев треба да замине не само од премиерската функција, туку и од Социјалдемкоратскиот сојуз.

Не чудете се што некому не му паѓа тешко да го релативизира фашизмот. Таа релативизација постоела и тогаш и се викала колаборационизам. А нејзините претставници имаат потомци кои се тука меѓу нас и денес, порача Куновска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.