Претседавачот на Воениот комитет на НАТО, воздухопловниот маршал Стјуарт Пич престојува во дводневна официјална посета на Република Македонија и Армијата.
Пич, кој е претседавачот на највисокото воено советодавно тело на НАТО, денеска ќе оствари средба со својот домаќин, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и со министерката за одбрана Радмила Шекеринска, по што ќе бидеинформиран за плановите и процесот на трансформација на командите и единиците на Армијата. За време на престојот во земјава, маршал Пич ќе ја посети и Канцеларијата за врски на НАТО, а утре ќе биде примен и одпретседателот на Републиката и врховен командант на Армијата, Стево
Пендаровски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.