На седницата на Извршниот Комитет разговаравме за две точки. Првата точка е актуелната економска и политичка ситуација во Република Македонија каде што ги констатиравме сите оние промашувања од страна на владата на СДСМ предводена од Зоран Заев. Подетално ќе разговараме на седницата на Централниот Комитет на партијата, но исто така го утврдивме и гантограмот на активности кој што ќе следува во периодот, а тој се однесува на избор практично на претседателски кандидат кој што ќе ја добие поддршката на ВМРО-ДПМНЕ на следните претседателски избори, кој што треба да кулминира со, се разбира изборна конвенција која што ќе се одржи на 16 февруари 2019 година, изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицскоски.
Практично денеска донесовме заклучок на седницата на Извршниот Комитет кој што подоцна ќе биде презентиран пред Централниот Комитет и од кој што ќе бараме поддршка, а тоа е дека најдоцна до 11 јануари 2019 година ќе биде објавен оглас на кој што согласно законот ќе можат сите граѓани на Република Македонија да поднесат кандидатура, оние граѓани кои ќе ја очекуваат и бараат поддршката на ВМРО-ДПМЕН на следните претседателски избори, вели Мицкоски.
Како што додаде тој, огласот ќе трае десетина дена, потоа ќе се констатира листата на пријавени кандидати кои што ќе ја бараат поддршката на ВМРО-ДПМНЕ за следните претседателски избори. Потоа во рок од 15 дена, но не подоцна од 10 февруари ќе трае нивното образлагање на визијата како иден претседател на Република Македонија за политиките кои што ќе ги водат во рамките на општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ средби со граѓани и така натаму. На 16 февруари ВМРО-ДПМНЕ на конвенција ќе го избере претседателскиот кандидат односно кандидатот кој ќе ја добие подршката на ВМРО-ДПМНЕ на следните претседателски избори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.