– Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско претпладнево пристигна во претседателската Вила Водно каде што треба да има обраќање пред државните власти, дипломатскиот кор и претставници на граѓанското општество Беше пречекан од целата Влада, а меѓу оние кои стиеја да се поздрават со папата беше и Стево Пендаровкси, кој победи на неделните претседателски избори.

Папата изутрината околу 8 часот слета на Скопскиот аеродром каде што беше пречекан од претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Зоран Заев, но и на традиционален македонски начин, со леб и сол.

По официјалната церемонија во Вилата Водно, папата ќе има средба и со верските лидери во Спoмен куќата на Мајка Тереза.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.