Претседателот Стево Пендаровски во рамки на официјалната посета на Грција денеска го посети музејот Бенаки.

При посетата на музејот Бенаки претседателот Пендаровски ја разгледа  архивата на еден од најзначајните грчки и светски архитекти Константинос Доксијадис. Доксијадис учествувал во креирањето на основниот урбанистички план за реконструкција на Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963 година.

Во музејот, претседателот Пендаровски имаше можност да види и стари фотографии од разурнатото Скопје кои Доксијадис ги направил во градот. Исто така, во музејот изложена е и благодарницата којашто градот Скопје му ја дал на Константинос Доксијадис за неговиот придонес во реновирањето на градот.

Со ова завршува официјалната посета на претседателот Стево Пендаровски на Грција којашто е прва посета на земјата на претседателско ниво од независноста на Македонија досега.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.