Претседателот Стево Пендаровски, кој престојува во официјална посета на Република Хрватска, на гробиштата „Мирогој“ во Загреб положи венец и оддаде почит на гробот на македонскиот револуционер и потпретседател на Президиумот на АСНОМ, Панко Брашнаров.

Претседателот Пендаровски беше запознаен со напорите за враќање на посмртните останки на Брашнаров во родниот Велес.

На спомен-плочата поставена од општина Велес е испишано „Животворниот извор на слободата не секна“, извадок од поздравниот говор на Панко Брашнаров на 2 август 1944 година, на Првото заседание на АСНОМ во Манастирот „Св. Прохор Пчињски“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.