Ние немаме никаков проблем да се плашиме од повеќе Европа во овој спор коментира претседателот Стево Пендаровски во интервју за Сител на прашањето дали може спорот со Бугарија од билатерален да стане европски спор.

На ваква опасност пред неколку дена предупреди и „Република“, дека планот на власта е спорот со Бугарија да го остави да го решава ЕУ во текот на преговорите а Македонија за возврат да добие датум за почеток на преговорите.

Нека има повеќе Европа.Приметувате дека Бугарија инсистира на строга билатерала бидејќи некој од страна ќе дојде и ќе каже „ја ова не го разбирам“. Прво треба да имаме договор во кој ќе кажеме разговараме за ова ова и ова. Втората фаза е дали тоа во целина ќе го мониторира ЕУ или ќе биде спор кој ќе го решиме на почетокот и понатаму низ комисиите ќе се мери нашиот напредок.Значи не цела Европа да ја гњавиме со билатералниот спор.Во суштина е билатерален спор туку да остане меѓу нас ова прашање. Ја не гледам греда да се сложиме и на едниот и на другиот пристап. Најмалку 11 земји членки не го сакаат тоа. Велат ние немаме намера да се бавиме со овој билатерален спор-што ќе кажеме во комисијата на историчари едниот за Цар Самоил рекол вака а за Гоце Делчев онака.Кого ќе инвловираш, Холанѓанец, Германец? Ќе се смеат. Европа во доминантен дел не го сака таквото европеизирање на билатералниот спор на паневропски спор-изјави Пендаровски за „Сител“.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.