Во знак на одбележување на Националниот ден на Шведска – 6 јуни, шведската амбасадорка во државава Кристин Форсгрен Бенгтсон, денеска беше домаќин на претседателот Стево Пендаровски и првата дама Елизабета Ѓоргиевска, соопштија од Амбасадата на Шведска во Македонија.
Оттаму информираат дека на свечениот ручек амбасадорката и претседателот ги истакнале долгогодишните одлични билатерални односи помеѓу двете земји.
Традиционално беа интонирани химните на двете држави, по што претседателот и првата дама имаа можност да вкусат типични шведски специјалитети приготвени согласно пристапот на готвење со нула отпад, со употреба и на шведски и на локално произведени и органски продукти од разни делови на Македонија, соопшти Амбасадата на Шведска.
Како што посочуваат, Националниот ден на Шведска, заради пандемијата со Ковид-19 и оваа година ќе се прослави дигитално, на социјалните мрежи на Амбасадата, под мотото „Славете со нас! Жолтото и синото стануваат зелено!“, и цели да истакне одржливи начини на живот со нагласок на зелени решенија и избори.”
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.