Претседателот Стево Пендаровски во вечерашното гостување на телевизија Сител рече дека не е задоволен од тоа како функционира кризниот менаџмент за корона вирусот во држвата.

Не сум задоволен како фунцкиора целиот кризен менаџмент. Половина од кризната состојба, 15 дена се уште не направиле интерни внатрешни процедури. Тука зборувам за Центарот за управување со кризи, Дирекција за спасување, па и Министерство за здравство. Сите тие треба да бидат во еден систем. Кога се ова ќе заврши, ќе свикам да се направи анализа за сите пропусти што ги имаме. Мораме да го кренеме нивото, ова не е задоволително дури ни за балкански услови. А. и не треба да се задоволуваме со тоа што ниту Србија, Босна… не се справуваат добро, рече Пендаровски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.