Одржувањето на избори по здравстевните препораки за социјална дистанца од 2 метри и под маски ќе биде тешко да се изведе за брзо време, токму затоа е потребно да не се брза со датумот за избори. Ова е личното предупредување на првиот човек на Државната изборна Комисија, Оливер Деркоски за тоа дали технички изборите би можеле да с еорганизираат за брзиот термин кој се споменува.

Според него, ваквите избори ќе чинат и повеќе пари, а ќе бараат и повеќе човечки ресурси, што во услови на економски последици од КОВИД 19 би било отежителна околност. За изборите на 12 април беа предивдени 7 милиони евра, од кои 4 милиони за реклами на партиите.

Борис Кондарко, член на ДИК смета дека работата на Комсијата е да ги спроведува изборите онака како што институциите и партиите ќе договорат.

Мислам не е добро кој било од нас во ДИК во оваа фаза од процесот постојано да нагаѓаме и да лицитираме со претпоставки и варијанти за натамошниот тек на настаните кои не зависат од ДИК, туку треба да оставиме на здравствените професионалци и другите надлежни објективно да ја проценат состојбата и во зависност од тоа надлежните да донесат соодветни протоколи и уредби, по што ние како ДИК заедно сите членови убеден сум дека можеме да го спроведеме и организираме професионално сето она што ке биде пропишано за натамошниот тек процесот и за самиот ден на гласањето, вели Кондарко.

Деркоски и Кондарко претходно имаат разични ставови терминот кога се можни избори. Првиот човек на ДИК смета дека изборните дејствија треба да продлжат да течат одново за ново распишаните избори и дека тоа ќе бара најмалку 55 дена. Кондарко пак, смета дека роковите треба да продолжат согласно подготовките за одложените избори од 12 април.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.