Антикорупциска комисија ќе поведе две прекршочни постапки против претседателот Ѓорѓе Иванов поради поставувањето на генерали во армијата после распишување на изборите, беше соопштено на денешната седница.
Претходно, Антикорупциска најави дека ќе поведе прекршочна постапка и против министерот Бектеши.
Државната комисија за спречување на корупција минатиот месец отвори постапка за именувањата во Армијата од страна на претседателот Ѓорге Иванов. Станува збор за именувања од шефот на државата објавени во Службен весник по распишувањето на претседателските избори.
Претседателот Иванов неодамна со укази ги назначи поранешниот аѓутант Мирче Ѓорговски за воен претставник во седиштето на НАТО, полковник Маријо Јуришиќ за воено аташе во Франција, началникот на ГШ Васко Ѓурчиновски го унапреди во генерал-потполковник, Драган Ковачки стана командант на Првата механизирана пешадиска бригада, а Бесник Емини началник на штаб во Здружената оперативна команда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.