Го повикувам претседателот Стево Пендаровски и преостанатите министри кои вчера во име на човековите права ја поддржаа таканаречената Парада на гордоста во Скопје, во периодот кој следи да дојдат во Гевгелија и дадат поддршка на гевгеличани во заложбата ПРОТИВ изградбата на фабрика за преработка на УВЕЗЕН ОТПАД во нашиот град, апелира гевгелискиот фотограф Гоце Тасевски/

ПРАВОТО на здрава и чиста животна околина е ФУНДАМЕНТАЛНО граѓанско право кое не’ засега само определена група на граѓани, туку допира буквално до сите категории без разлика на нивната политичка, религиска, етничка, сексуална или било каква друга определба или ориентација.
Тргнувајќи одовде, дололку изостане поддршката од посочените функционери, ќе сметаме дека нивните заложби за поддршка на човековите права се селективни и неискрени, порачува тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.