Претседателе Пендаровски не треба само да протестираш против срамната изјава на бугарскиот претседател дека има намера да даде наредба на неговите специјални служби да воведат ред во Македонија. Треба сериозно да засукате ракави.
Да ги откриете сите бугарски разузнавачи и агенти провокатори во Македонија. Да ја откриете цела мрежа, која е бајаги разгранета и работи што сака, која нам ни се заканува преку социјални мрежи, пушта тужби по разни основи на сите што се против нивната политика за бугаризација и асимилација на Македонците. И плус не демонизира како народ пред очите на светот. Божем, Македонците се тие што се лоши и фалсификатори и мразачи на Бугарите.
Претседателе Пендаровски, крајно време е да ја растурите бугарашката игранка која сте принудени да ја играте, свесно или несвесно.
За почеток проверете ги сите со бугарски државјанства кои живеат во Македонија. Така прави сериозна држава. Меѓу нив ќе ги најдете сите од нивната агентурна мрежа. Така останатите меѓу нив ќе можат слободно да си живеат без да бидат етикетирани било како.
Ама претседателе Пендаровски, сфатете дека дека бугарските власти ништо добро не ни мислат. И зборовите и делата кон нас им се крајно непријателски – коментира актерот Сашо Тасевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.