По наредба на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција утрово бил извршен претрес во фирмата „Инвоука гроуп“, која победи на тендерот за софтверот за сообраќајни прекршоци што го спроведе Генералниот секретар на Владата во време кога со него раководеше Драги Рашковски.

Обвинителката Вилма Русковска за „Фокус“ потврди дека се вршат претреси, но не во домот на Рашковски, туку во седиштето на фирмата. Русковска вели дека имало и други претреси, но не открива во кои други субјекти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.