Комитетот за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените при Организацијата на обединетите нации пресуди против Македонија за две жени од Шуто Оризари на кои им било оневозможено да добијат гинеколошки услуги.
Одлуката на Комитетот на ООН е донесена врз основа на утврдена повреда на правото на еднаков третман и дискриминација врз основа на етничка припадност кај двете жени од ромска националност.
Како што велат од Иницијатива на жени од Шуто Оризари, Комитетот препорачал дека државата треба да ги обесштети Ромките кои не можеле да си изберат матичен гинеколог.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.