Министерката за правда никако не работи според Уставот и законите, таа реши да си ја уништи својата кариера со тоа што кажа да дека биле технички грешки во законот, всушност има суштински промени во законот. Им иде казната од народот за целата штета што ја направија. Еве повикувам да побараат јавна расправа и за другиот закон за ЈО има два закони за Јавно обвинителство, овој и тој пред неколку месеци. Овој зкон за ЈО нема да важи за Заев. Со поддршката на овој закон на тој што е во кома сте се согласиле да му дадете кислород. Повикувам да се каже која забелешка е дадена од експерт во законот. Престанете со силување со Уставот во Собранието и ова малку што остана во Македонија ќе го снема. рече денеса во собранието пратеничката Ане Лашкоска од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.