Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, смета дека досега многупати е зборувано дека процесот за промена на името е егзионибистички и дека претставува сѐ само не солидно решение кое ќе ги заштити интересите на Република Македонија, македонскиот народ. За време гостувањето во отвореното студио на телевизија Алфа Мицкоски вели дека како ќе одминува времето ќе се потврдува дека сѐ што го зборувале е точно.

-Најпрвин треба да ни е јасно дека пред овој договор во личната карта на ОН стоеше јасно и гласно граѓани на Република Македонија не постоеше, постоеше македонски народ, или преведен на шесте јазици, или сега како што е граѓани на Република Македонија. Јазикот не беше со фуснота, они не убедуваа дека тоа го заштитија за потоа да бидеме сведоци на онаа Депеше што веднаш по уставните измени ја прати министерот за надворешни работи до неговиот колега до грчката влада каде што се правдаше дека ова „Macedonian“, не е македонски народ и македонски етникум, туку преставува државјанство, зашто ние кажувавме дека етникумот, националниот елемент се губи и останува само државјанството и сега сите сме граѓани на Република Македонија. Дури сега ја немаме ниту придавката македонски и сега наеднаш стана национална, на која нација? – прашува Мицкоски.

Тој вели дека Преспанскиот договор е една трагедија која и ја приредија на Република Македонија и граѓаните на Македонија.

-Јас не можам да го разберам мотивот кај овие луѓе што до толку сакаа да си ја понижат сопствената држава, народ и држава, вели Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.