По којзнае кој пат – истиот притисок врз Миле Јанакиески, обвинет во повеќе случаи на некогашното СЈО.

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески не може да ги следи сите рочишта во кои е обвинет. Денеска во 10 часот започна рочиште за предметот Траекторија, а веќе во 11 часот го чекаат во друг суд на рочиште за „27 април“.

Кривичниот совет го засилува темпото на судења врз обвинетиот Јанакиески.

Одбраната на Јанакиески смета дека со ваква динамика на судењата се врши притисок врз обвинетиот и неговата одбрана и се кршат основните права на обвинетите и на бранителите во постапките на обвинителството.

Додаваат дека ова е прекршување на правата на обвинетите и бранителите да формираат сериозна и ефективна одбрана во овие предмети.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.