Не за службено возило од општината, не за службен телефон на сметка на општината и граѓаните.
Една од првите одлуки кои ќе ги предложам до советот на општина Струмица ќе биде продажба на службеното возило на градоначалникот, финансиите од средствата ќе бидат наменети за проект Младински Културен Центар во Струмица.
Само на тој начин ќе ја реализираме нашата заедничка главна цел, Струмица Европски главен град на младите, напиша на Фејсбук, новиот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов.
Претходно од своите службени привилегии се откажаа и новите скопски градоначалници Тимчо Муцунски, Орце Ѓеорѓиевски и Бобан Стефковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.