Срамота е што ние како држава сè уште немаме вакцини, рече пратеникот Љупчо Пренџов од ГРОМ во „Што не е јасно“ и потенцираше дека за Заев и Филипче поважни се нивните приватни бизниси отколку здравјето на граѓаните.
Мене ми е срам што граѓаните абер немаат да се вакцинираат, Заев и Филипче молат дали ќе им даде Борисов 100 вакцини и дали ќе даде Вучик 5.000 или 8.000 вакцни. Тоа за една држава е срамота. Власта има многу поголеми приоритети од здравјето на граѓаните. На пример, за Заев е многу поголем приоритет како ќе се продаде рудникот во источна Македонија, кога ќе се легализира марихуаната, и очигледно тие бизниси се поголем приоритет. Јас да сум министер или премиер нема да се свртам во Скопје додека не обезбедам за пола население вакцини и така размисува секој одговорен државник, а власта размислува како во Собрание ќе направи комисија од 17 члена, како државата ќе ја задолжат и така натаму, потенцираше Пренџов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.