Пратеникот во македонското собрание од ГРОМ, Љупчо Пренџов, на својот Фејсбук профил изрази сочуство до семејствата на починатите во тетовската болница, а истовремено и лутина кон како што вели фушерајот и немањето систем во државата.

-Сочувство до семејствата и роднините на загинатите пациенти и медицински персонал во “Ковид болницата” во Тетово. Бесен сум што “фушерајот”, немањето систем, корупцијата и неспособноста во државата ни одзема човечки животи, и тоа, на најбизарен начин. Одговорноста мора да има имиња и презимиња. Епилогот од овој настан мора да биде силна и одлучувачка порака до сите кои во иднина ќе пробаат да си “играат држава и власт” како овие сега. Денот на независноста ни покажа колку е Македонија зависна од сите нас кои живееме на ова парче земја, напиша Пренџов на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.