Нема откажување. Само промена на парадигмата. И нова доктрина за доаѓање до целта! Премногу крв е пролеано, премногу жртви се дадени во минатото, за така лесно македонскиот народ и граѓаните на Македонија се предадат и откажат од она кое на сила ни е одземено во овој период, да ги прифатат неправдите како реалност или направената штета како непоправлива. Тешко е, но нашата борба за македонскат кауза треба да продолжи. Немаме друг избор, ниту резервна држава ниту пак право да заборавиме дека до оваа слобода и држава со многу крв и жртви е дојдено, пишува поранешниот премиер, Никола Груевски на Фејсбук во продолжението на неговота денешна порака кон македонската јавност.
Нам ни е оставен полесниот дел. Да го задржиме тоа и да ја продолжиме борбата за затворање на 140 годишната борба за македонското прашање.Без никому ништо да му наштетеме или одземеме. Имаме новонастаната ситуација. Потребна е нова парадигма и доктрина. Целите остануваат. И како што стои во трејлерот за една македонска серија која за жал марионетската власт не дозволи да биде рализирана: Македонија е љубовна приказна… А во љубовта, среќата и болката одат заедно. Да живее Македонија!!!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.