Премиерот Зоран Заев денеска ја прими втората доза на вакцината „Синофарм“ на вакциналниот пункт во спортската сала „Борис Трајковски“, согласно националниот план за имунизација на населението.
Како што соопштија од владината прес-служба, премиерот Заев се чувствува одлично и ќе го продолжи работниот ден согласно неговата агенда.
Премиерот Зоран Заев ги повикува сите граѓани кои досега не се регистрирале на порталот vakcinacija.mk тоа да го сторат што побргу, сé со цел да постигнеме колективен имунитет и да прогласиме победа врз пандемијата предизвикана од КОВИД-19, стои во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.