Угледниот, почитуван и достоинствен премиер на Република Македонија, Зоран Заев, денеска беше во елемент. Застана гордо во одбрана на Уставот на државата, а повод за тоа беше резолуцијата за одредување на црвените линии на Македонија во преговорите со Бугарија, што до Собранието ја поднесе најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ.
По првичниот негативен став, владејачкиот СДСМ, сепак, со мало задоцнување се согласи да ѝ даде поддршка на резолуцијата. И таквиот став во јавноста беше примен со нескриена доза на недоверба, имајќи ги предвид сите досегашни проблеми со вистината, што ги имаше премиерот Заев во досегашното практикување на власта. Така беше, така и остана.
Премиерот Заев денеска забележа главно две работи. Прво, дека „во резолуцијата на неколку места се споменува Република Македонија, а во Уставот стои Република Македонија. Секоја резолуција има преамбула, а таму е избегнато уставното име“. И второ, дека името на нашата држава е „Република Македонија“, а не „Република Македонија“, притоа изјавувајќи:
Во нашиот Устав не пишува дека ние сме Република Македонија, ние сме Република Македонија. Граѓаните за тоа прашање се изјаснија на Референдум и согласно Уставот. Така што очекувам да се почитува Уставот од страна на сите коишто се должни да го почитуваат, потсетувајќи притоа дека законот предвидува казни за непочитувачите на Уставот, што важи и за политичките партии.
И се ќе беше в ред ако ваквото негово однесување не претставува голо проституирање и со Уставот и со предложената резолуција.
Само пред неколку дена истиот угледен, почитуван и достоинствен премиер јавно призна дека претседателот на Собранието Талат Џафери го прекршил истиот тој Устав што денеска толку жолчно го бранеше.
За потсетување, Џафери го прекрши Уставот говорејќи на албански јазик во Брисел, за што опозицијата поднесе интерпелација за него во Собранието.
Но, за ваквото кршење на Уставот од страна на спикерот Џафери премиерот Заев рече дека нема да бара одговорност од него, а за некаква казна, пак, ни збор да не стане. Џафери е заштитена света крава, која не знае што е Устав, иако според хиерархиската поставеност, тој е втор човек во државата. Башка, тој е власт, тој е моќ и нему никој ништо не му може. Уште повеќе, тој е член на владејачката ДУИ!
Чисто политички гледано, целата ситуација може и поинаку да се протолкува. Премиерот Заев може да ги затвори очите во поглед на македонскиот јазик како уставна категорија, но не може тоа да го стори во поглед на името на државата. Зашто, токму заради застанување пред пано со името Република Македонија, што сигурно не го донела од дома, од функцијата техничка министерка за труд и социјала на почетокот на минатата година беше разрешена Рахела Мизрахи, сега актуелна пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Сега за преамбулата и за резолуцијата. Преамбулата на резолуцијата гласи:„Тргнувајќи од објавениот “Резултат од референдумот во Република Македонија, одржан на 8 септември 1991 година“ (Сл.Весник 43/91), почитувајќи ги позициите на “Декларацијата за развој на односите на Република Македонија со Европската Унија“ усвоена од Собранието на 4 февруари 1998 година (Сл.Весник 7/98), а во контекст на наметнатите билатерални пречки кон ЕУ, ние пратениците ја декларираме волјата на граѓаните и на ден _. _. 2021 година ја донесуваме следната
РЕЗОЛУЦИЈА
Што во ова е погрешно? Апсолутно ништо! Зашто, и референдумот и декларацијата, што се споменуваат се одржани и донесени во Република Македонија. Името на државата и Уставот се сменети пред две и пол, а Договорот од Преспа беше потпишан пред три години. И како сега, според Заев, во преамбулата треба да се фалсификуваат историски факти и наслови на државни документи!? Или, тоа за него е сосема нормална работа!?
ВМРО-ДПМНЕ не е автор на предложената резолуција, туку таа произлегува од меморандумот на МАНУ, УКИМ и МПЦ-ОА, насловен како „Македонски манифест“, што беше објавен на почетокот на декември минатата година. Во барањата испратени до македонските надлежни институции за штитење на македонскиот идентитет и национални интереси при преговорите за евроинтеграции, во нешто што може да се именува како преамбула стои:
„Во овие судбински денови за европската иднина на македонската суверена и самостојна Република, ние, легитимните претставници на Македонската академија на науките и уметностите, на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, изразувајќи ја нашата загриженост за исходот од развојот на настаните поврзани со евроинтеграцијата на нашата држава, условени од апсурдните барања на Република Бугарија, а убедени во фактот дека ги исполнуваме потребните предуслови за отпочнување на преговорите за евроинтеграција, ги повикуваме, и охрабруваме претседателот на македонската држава, Собранието на Републиката, претседателот на Владата, печатените и електронските медиуми, научните, културните и уметничките институции и здруженија, соодветните министерства за образование и наука, за култура и за надворешни работи, собраниските и вонсобраниските политички партии, како и сите граѓани на Македонија…“.
Како што може да се забележи, ни тука не се споменува новото име на државата, иако меморандумот, односно Манифестот доаѓа од три врвни државни институции.
Натаму, текстот на предложената Резолуција гласи:
„Преговорите да се водат на рамноправна и принципиелна основа, со должно почитување на меѓународното право, без никакво условување од едната или од другата страна и со почитување на достоинството на македонскиот народ.
Да се почитуваат безрезервно сознанијата на македонските општествени, хуманистички и културолошки науки во врска со автохтоноста на македонскиот народ и неговиот историски, јазичен, културен и религиски континуитет.
Да се уважуваат сознанијата, утврдените факти, усвоените теории и емпириските истражувања на современата светска славистика, лингвистика, историографија и меѓународното право, според коишто:
– македонскиот јазик и неговите дијалектни разновидности имаат свој просторен и свој временски континуитет;
– македонскиот идентитет го црпи својот легитимитет од повеќевековните традиции, преданија, обичаи, колективна меморија, менталитет, јазик, артикулираната свест за етнокултурната посебност, колективниот интегритет, почитта кон традиционалните религиски институции и од наративот за припадноста на одреден географски и историски простор;
– споделените места на меморија на балканските и медитеранските простори подразбираат инклузивен однос, а не ексклузивно присвојување на историјата и традицијата, подразбираат интелектуална слобода, а не робување на анахроните историски стереотипи и илузии, не културен и историски хегемонизам.
Процесот за евроинтеграција на нашата држава да продолжи во духот на меѓусебно почитување и уважување на вложените напори од наша страна за исполнување на критериумите.
Да се применуваат позитивните и општоприфатени меѓународни конвенции и декларации на Организацијата на обединетите нации (ООН) за правото на самоопределување и за човековите права и слободи.
Да се почитува безусловно слободно изразената волја на македонскиот народ, неговата етничка и духовна посебност.
Собранието ја обврзува и ја насочува Владата, но и сите надлежни органи задолжени за надворешната политика и евроинтеграциите да постапат во рамките на позициите утврдени со оваа Резолуција“.
Каде во содржината премиерот Заев видел дека стои „Република Македонија“ за да треба да стои новото име на државата „Република Македонија“?! Никаде! Зашто, такво нешто нема. Што значи дека овој сегмент од неговото образложение е чиста манипулација со јавноста и ништо повеќе од тоа! Или, ако сакате, гола уцена за да се поддржи Резолуцијата или бесмислено оправдание да се избегне нејзиното усвојување.
А, еве кои беа барањата од Македонскиот манифест:
– преговорите да се водат на рамноправна и принципиелна основа, со должно почитување на меѓународното право, без никакво условување од едната или од другата страна и со почитување на достоинството на македонскиот народ;
– да се почитуваат безрезервно сознанијата на македонските општествени, хуманистички и културолошки науки во врска со автохтоноста на македонскиот народ и неговиот историски, јазичен, културен и религиски континуитет;
– да се уважуваат не само објективните факти и научната аргументација, туку и комплексната интерпретација на историските факти, настани и личности;
– да се уважуваат сознанијата, утврдените факти, усвоените теории и емпириските истражувања на современата светска славистика, лингвистика, историографија и меѓународното право, според коишто :
а) македонскиот јазик и неговите дијалектни разновидности имаат свој просторен континуитет (што значи дека македонските дијалекти постојат и надвор од границата на денешна Македонија) и свој временски континуитет (што значи дека македонскиот јазик опстојувал со векови);
б) македонскиот идентитет го црпи својот легитимитет од повеќе-вековните традиции, преданија, обичаи, колективна меморија, менталитет, јазикот, артикулираната свест за етнокултурната посебност, колективниот интегритет, почитта кон традиционалните религиски институции и наративот за припадноста на одреден географски и историски простор;
в) споделените места на меморија на балканските и медитеранските простори подразбираат инклузивен однос, а не ексклузивно присвојување на историјата и традицијата, подразбираат интелектуална слобода, а не робување на анахроните историски стереотипи и илузии, не културен и историски хегемонизам;
г) историската вистина не е политичка догма, туку дијалошка, повеќедимензионална категорија чувствителна на гледната точка, во тој контекст и на националниот интерес на секоја држава, вклучително и на Републиката.
Имајќи ги предвид овие сознанија, ние, во име на врвните институции што ги претставуваме, категорично апелираме:
– процесот за евроинтеграција на нашата држава да продолжи во духот на меѓусебно почитување и уважување на вложените напори од наша страна за исполнување на критериумите,
– да се применуваат позитивните и општоприфатени меѓународни Конвенции и Декларации на ОН за правото на самоопределување и за човековите права и слободи;
– да се почитува безусловно слободно изразената волја на македонскиот народ, неговата етничка и духовна посебност;
– да се почитува волјата на македонските граѓани, припадници на македонската Република, да живеат во цивилизирани добрососедски односи и да се продолжи практиката на соработка меѓу културните, научните, образовните, религиските и економските институции, и
– да не се создава конфликтен амбиент во државата, да се сочува мирот и слободниот развиток кој подразбира просперитет, алтернатива, демократија и достоинствен живот, вклучително и љубов кон сопствената татковина и држава“.
Како штом се гледа од текстот, никаде не се споменува името на државата ниту новото ниту старото.
За тврдењето на премиерот Заев, пак, дека за новото име на државата се изјасниле граѓаните на референдум е илузорно и излишно да се говори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.