Претседателот Стево Пендаровски не бил внимателен со зборовите кога кажа дека бугарската политика нема излезено од матрицата на Живковизмот, а во душата и паметот има желба за големо пријателство со Бугарија, смета премиерот Зоран Заев. Во интервју за бугарската агенција „БГНЕС“, Заев беше прашан дали се оградува од тврдењето дека Бугарија е живковистичка држава.
Верувајте, претседателот Пендаровски е пријател на Бугарија. Не е толку искусен политичар, како што е Зоран Заев. Нормално, затоа што работел со нашите претседатели Борис Трајковски и Бранко Црвенковски, беше национален координатор за НАТО во мојата влада. Тој е сериозен општественик и е ангажиран целосно на пријателството со нашите соседи и со Република Бугарија и секако на нашата интеграцијата во НАТО и ЕУ. Некој пат, верувам дека и јас, не само тој, не сме доволно внимателни со зборовите. Ви кажувам отворено, дека во неговата душа и неговиот памет, е комплетно желбата и сонот за големо пријателство, кое го имаме, но треба да го доизградиме и тој е голем поддржувач на договорот помеѓу Македонија и Бугарија, му одговори Заев на бугарскиот новинар.
За изјавата на Пендаровски од 20 ноември, дека „актуелната бугарската политика, власт или опозиција сосема сеедно, нема излезено од матрицата на Живковизмот“, Заев додаде дека „тоа е исто како да кажете дека ние сме Титова Македонија или не знам Лазармојсова Македонија или не знам каква“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.