Направивме чекори за пример и цел свет зборува за тоа. Конечно го фиксиравме, го зацврстивме идентитетот, никој веќе не го спори македонскиот јазик и македонскиот народ, порача премиерот во заминување и претседател на СДСМ, Зоран Заев на граѓанската трибина „На прв пат” во Гостивар.

Во Обединетите нации нема веќе ФИРОМ, сега е впишана личната карта на нашата држава, таму, во ООН е запишано, македонски јазик и Македонци. Ја исполнивме вековната аспирација на нашите татковци и дедовци и затоа треба да сме горди – рече премиерот во заминување Заев.


Според него, сме успеале да оствариме стратешка, национална, државна и децениска цел, членство во НАТО, а тоа значи траен мир, стабилност, сигурна иднина, инвестиции.

Овие политики немаат алтернатива. Затоа бараме поддршка и вечерва во Гостивар бараме поддршка за концептот на прав пат. Франција го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО, остана уште само Шпаније и ете не, конечно во НАТО. Изборите во Шпанија завршија, објавена е владејачка коалиција, на 3 декември ќе се конституира Собранието, кон средината на декември Владата и очекуваме веќе на почеток на следната година, од јануари да бидеме полноправна членка на НАТО – рече премиерот во заминување, Заев.

НАТО значи мир, никогаш повеќе војна и конфликти, со НАТО ја обезбедивме целовитоста на државата, посочи премиерот во заминување Заев, додавајќи дека исторската грешка на ЕУ ќе биде наскоро поправена затоа што таа не е одржлива, затоа што сме сториле се што било потребно и затоа што заслуживме.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.